
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера извршиле претрес во дом и други простории во скопско Арачиново, при што биле пронајдени над два килограми марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Претресот бил спроведен по наредба на Основниот кривичен суд Скопје во домот и други простории што ги користел Б.Н. (25) од Арачиново.
При акцијата, покрај над два килограми наркотична дрога марихуана, била пронајдена и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Од МВР информираат дека Б.Н. е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, по итна постапка.

Македонски


