Skip to main content

Денеска сончево и со ветар

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура е во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степена Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во понеделник се очекува повремен локален дожд и наместа услови за појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поврзани вести