
Носителот на „жолтата маица“ на Тур Д’Франс, Тадеј Погачар од Словенија е победник на денешната 19. етапа на престижната трка што се возеше од Гап до Алпе Д’Уез. Тој воедно со овој триумф се зацврсти на првото место во генералниот пласман. Ова за словенечкиот велосипедист е петта етапна победа годинава.
Погачар патека во должина од 127,9 километри ја мина за 3 часа 17 минути и 57 секунди. Воедно ова е најдобро време поставено на искачувањето на Алпе Д’Уез од 1952 година. Победникот на етапата на 12 километри пред целта, тргна во „лов“ на групата и успеа да ги стигне и помине. Второто место го освои Французинот Лени Мартинез, кој заостана шест секунди, а победникот на вчерашната етапата Ричард Карапаз од Еквадор заврши како трет со девет секунди заостанување.
Погачар на две етапи до крајот е лидер со вкупно време од 67 часа и 53 минути.

Македонски


