
Екипата на Тиквеш го стартуваше новиот шампионат во Првата фудбалска лига со убедлива победа против Арсими. Кавадарчани беа доминантни во текот на целиот натпревар и остварија победа од 5:1, а сепак најубавиот гол на дуелот го постигнаа гостите.
Тиквеш поведе во 18.минута со голот на Емануел Лавал, а предноста на кавадарчани ја зголеми Н’Фали Сила во 27.минута. Со прекрасниот еврогол Алјбин Рамадани во 33.минута намали на 2:1. До крајот на првиот дел Тиквеш преку Лавал и Сила постигнаа уште два гола и на полувреме беше 4:1. Интернационалецот од Гвинеја Сила во 58.минута го постигна третиот гол на дуелот (хет-трик) за конечни 5:1.
Утре се играат два дуела од првото коло со почеток во 17 часот. Вардар ја пречекува Брегалница Штип, а Струга Трим Лум е домаќин на Шкендија Арачиново.
Во недела се играат натпреварите Силекс – Башкими во Кратово (почеток 17 часот) и Шкендија Тетово – Скопје на тренинг центарот на „Петар Милошевски“ (почеток 19 часот).

Македонски


