Почина Снежана Липковска, доајенот на македонското спикерство. Фантастичен радиофоничен глас, продорни крупни очи, дикција на ниво, шармантна, ненаметлива, умна и со стил. Спикерството и беше заштитен знак и од неа учеа генерации.
Со децении владееше (70-те и 80- те години) на тв екраните, односно на тогашната ТВ. Скопје или Македонска радио и телевизија. Водеше најразлични емисии како и централниот Дневник.
Во 2015 година ја објави книгата „Хотелски стории“