Skip to main content

Снег на Пелистер и во лето

Од Националниот парк „Пелистер“ објавија дека токму ваквите временски изненадувања се доказ зошто Пелистер со право го носи епитетот крал на планините во Македонија.

Снег на Пелистер и во лето. Затоа Пелистер е кралот на планините во Македонија. Истовремено е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери со кои сака да ни покаже дека мора да го почитуваме“, порачаа од Националниот парк.

Тие упатија благодарност и до вработените во пунктот на Националната радиодифузија на Врв Пелистер, кои редовно ги известуваат за сите временски промени и природни појави на Баба Планина.

Фотографиите се на Оливер Тарасовски, а тие ја доловуваат ретката летна снежна покривка и уште еднаш потсетуваат дека временските услови на високите планини можат нагло да се променат, без разлика на годишното време.

Поврзани вести