Skip to main content

Трамп: Договорот меѓу САД и Саудиска Арабија ќе биде усвоен откако Саудијците ќе ги нормализираат односите со Израел

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека договорот меѓу САД и Саудиска Арабија за цивилна нуклеарна програма ќе биде одобрен само доколку Ријад ги нормализира односите со Израел преку приклучување кон „Аврамските договори“.

Договорот за цивилна нуклеарна соработка (кој не подразбира збогатување на материјали), што се склучува меѓу Министерството за енергетика на САД и Саудиска Арабија и се однесува исклучиво на мирољубива употреба – како што веќе имаат Иран, Обединетите Арапски Емирати и други земји – ќе биде одобрен, но неговото усвојување е целосно условено со тоа Саудиска Арабија да им се приклучи на високо ценетите и успешни „Аврамските договори“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут соушал“.

Тој додаде дека САД не се противат на цивилни нуклеарни постројки кои не користат збогатен ураниум.

„Аврамски договори“ претставуваат пакет договори постигнати со посредство на САД, со кои беа нормализирани дипломатските, економските и безбедносните односи меѓу Израел и неколку арапски и муслимански земји. 

Поврзани вести