Skip to main content

Врвниот експерт во областа на неонатологијата и интензивната нега на новороденчиња д-р Снежана Расовац ќе ги едуцира лекарите и медицинските сестри на ГАК во следите шест месеци

Универзитетска клиника за Гинекологија и акушерство

Како дел од Програмата на Владата и Министерсвото за здравство, на Клиниката за гинекологија и акушерство е ангажирана д-р Снежана Расовац, специјалист педијатар-неонатолог со потесна специјалност пулмологија, од Белград, Република Србија, како врвен експерт во областа на неонатологијата и интензивната нега на новороденчиња, објави ГАК на социјалите медиуми.

Во рамките на нејзиниот престој на Клиниката, д-р Расовац ќе реализира шестмесечна континуирана едукација наменета за лекарите и медицинските сестри од Одделот за интензивна нега и терапија. Едукативната програма е конципирана како сеопфатен и практично ориентиран процес, со цел унапредување на знаењата и вештините на здравствените работници и усогласување со современите светски принципи и протоколи во неонаталната интензивна медицина.

Програмата опфаќа механичка вентилација, lung ultrasound, ултразвучно водење при поставување венски линии, инотропна терапија, неонатална нутриција, транспорт на новороденчиња и усогласување со најновите стручни протоколи и светски стандарди бидејќи секое новороденче заслужува највисоки стандарди од првиот здив. Клиниката за гинекологија и акушерство продолжува да гради современ, едуциран и силен професионален тим – затоа што секое новороденче заслужува најдобра можна грижа од првиот момент, велат од ГАК.

Поврзани вести