Skip to main content

Волонтер украл возило на Црвениот крст и удрил во паркирани возила

Ноќва во 00:10 часот на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода Е.С.(18) од Гостивар.

Како што соопштива СВР Тетово, тој без дозвола зел службено патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки на Црвениот крст, каде бил волонтер, и со возилото удрил во повеќе паркирани возила.

При контролата било утврдено дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести