Skip to main content

Костадин Костадинов со критика до СДСМ: За Струмица молк, за Гостивар парада од соопштенија

Поранешниот градоначалник на Струмица и поранешен функционер на СДСМ прашува што се сменило во партијата и зошто имало различен пристап кон двата случаи.

Поранешниот градоначалник на Струмица и поранешен висок функционер на СДСМ, Костадин Костадинов, јавно ја критикуваше својата поранешна партија поради, како што наведува, различниот пристап кон случаите со загадената вода во Струмица и во Гостивар.

Во објава на социјалните мрежи, Костадинов оценува дека политизирањето на ситуацијата во Гостивар е „апсурд“, но уште повеќе, според него, загрижуваат двојните аршини во постапувањето на СДСМ.

„Политизирањето на ситуацијата со водата во Гостивар е апсурд, но двојните аршини на една иста партија се повеќе од симптоматични. За Струмица ниту едно писмено соопштение, а за Гостивар парада од изјави и соопштенија. Што ли беше цената за незаинтересираноста за Струмица? Што се смени во партијата од тогаш до сега?“, напиша Костадинов.

На крајот од објавата тој додава дека прашањето го поставува „со најдобра намера“.

Со ова, Костадинов индиректно ја обвинува СДСМ за селективен пристап во однос на случаите поврзани со квалитетот на водата, алудирајќи дека партијата различно реагира во зависност од политичкиот контекст и локалната власт во која се случуваат ваквите настани.

Поврзани вести