
Природата е најголем контролор на изграденото од човекот. Таа врши најобјективна, неселективна и сурова проверка дали се почитувани законите и подзаконските акти при изградба и подигање на различни видови објекти. Оние градби кои не ги исполнуваат неопходните критериуми таа ги оштетува, корне или руши. Без двојни стандарди, без ургенции, без пријателски врски, порача денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
По вчерашното силно невреме, Ангелов порача дека природата не ја интересираат ниту еколошките организации кои ги штитат дрвјата дури и тогаш кога тие се стари, нестабилни или гнили.
Природата чисти сè по ред. Ги корне или крши слабите гранки, корне и крши цели дрвја. Затоа, сите оние кои учествуваат во процесот на градење и подигање на објекти треба да бидат внимателни и совесни и да ги почитуваат предвидените норми за изградба на објекти бидејки, никој не знае кога природата повторно ќе изврши контрола. А претставниците на еколошките организации пожелно е да олабават со јавниот притисок кога треба да се отстрани некое убаво но нестабилно дрво, пред тоа да падне, да искрши некој автомобил или да утепа некој човек. Сејфти фрст!, порача Ангелов.

Македонски


