Skip to main content

Паднати дрвја, оштетни автомобили: На 078 207 687 може да се јават скопјани на кои им е потребна помош или сакаат да пријават штета од невремето

Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција.

Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции.

Сите расположливи капацитети се ставени во функција, за заштита на граѓаните и спречување поголеми штети и последици.

Екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба.

Сите граѓани на кои им е потребна помош, да пријават штета или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број:
📞112
+389 78 207 687

Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и смирени, да ги следат препораките на надлежните институции и да соработуваат со службите на терен, вели скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Поврзани вести