
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска ќе присуствува на прес-конференција што ТАВ Македонија ја организира на Меѓународниот аеродром Скопје по повод додавањето на седмиот авион на авиокомпанијата „Виз ер“ во нејзината база на скопскиот аеродром.
Како што информираат од ТАВ Македонија, на настанот, покрај Николоски, ќе се обратат и генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, како и офицерот за развој на авиолинии во „Виз ер“, Андраш Сабо

Македонски


