
И на високи температури, делови од Скопје утре ќе останат без вода.
Од скопски Водовод информираат дека утре поради уличен дефект ф-80 мм на крстосницата Аминта Трети/Антоние Грубишиќ, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Аминта Трети, дел од Антоние Грубишиќ, дел од Пиринска и дел од Чедомир Миндеровиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Македонски


