
Венко Филипче нема легитимитет и кредибилитет да говори за здравствениот систем, рече денеска пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Кога Филипче зборува за здравство, граѓаните се сеќаваат на модуларната болница во Тетово и на 14-те живи изгорени граѓани. Ним наместо да им се продолжи животот, прерано им заврши поради немање минимум технички спецификации, кои Филипче не ги испорачал – рече Петрушевски.
Кога Филипче зборува за здравство, додаде, на граѓаните им текнува на погромот во ковид кризата, кога Македонија беше меѓу првите со најголема смртност по глава на жител.
– Кога Филипче зборува за здравство, нè потсетува и на провизиите кои сакаше да ги заработи преку Стабри вакцините, преку фирма која се занимаваше со продажба на тропски овошја. Кога Филипче зборува за здравство, тој говори за аферата „Крвави тендери“, кога со сила го туркаше проектот за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи вреден 35 милиони евра. Затоа Филипче е последниот кој треба да говори за начинот како треба да се води здравствениот систем – рече Петрушевски.

Македонски


