Skip to main content

Четворица вработени на аеродромот во Франкфурт заболеле од маларија

Четворица вработени на аеродромот во Франкфурт заболеле од маларија, а германскиот Институт „Роберт Кох“ соопшти дека се претпоставува оти биле заразени преку убод од комарец од видот анофелес, кој пристигнал во Германија со авион.

Сите четворица биле вработени во секторот за ракување со багаж на еден од најфреквентните германски аеродроми, пренесува „RTL Луксембург“.

Случајот предизвика загриженост дека би можеле да се појават и дополнителни случаи меѓу работниците на аеродромот.

Поврзани вести