Skip to main content

Леброн уште не одлучил каде ќе продолжи

Во САД во центарот на спортско внимание е Светското првенство во фудбал, но љубителите на кошарката ја чекаат одлуката каде Леброн Џејмс ќе ја продолжи кариерата. Тој на крајот од изминатата сезона за заврши соработката со Лос Анџелес Лејкерси како слободен играч ќе бира нов клуб.

Четирикратниот НБА шампион се очекува наскоро да ја соопшти одлуката за новиот клуб и само кусо испратил порака:

„Нема уште долго да бидете во неизвесност“, порача Леброн Џејмс.

Во кругот на клубови кои сакаат да го имаат во своите редови се двата негови поранешни клубови: Мајами и Кливленд, како и Голден Стејт и Филаделфија.

Леброн има искуство од 23 сезони одиграни во НБА лигата и рекордер во неколку категории.

Поврзани вести