Новиот американски претседател Доналд Трамп со сопругата Меланија пристигнаа во Белата куќа каде ги пречекаа досегашниот домаќин, претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден.
Четворицата ќе присуствуваат на традиционалното пиење шолја чај во Белата куќа, што се организира при секое примопредавање на власта и како добредојде за новиот станар.
Претходно, на влезот од Белата куќа потпретседателката Камала Харис со сопругот Дак Енхоф ги пречекаа новоизбраниот потпретседател Џеј Ди Венс со сопругата Уша Венс.
По овој церемонијален настан се очекува сите да се упатат кон Капитол хил каде што Трамп треба да даде заклетва како 47. претседател на САД.