Skip to main content

Трамп се откажа од планот за наплата за поминување низ Ормуска Теснина

Претседателот на САД, Доналд Трамп се откажа од предлогот за воведување такса од 20 проценти за бродовите што пловат низ Ормуска Теснина и објави трговски и инвестициски договори со земјите од Персиски Залив.

Тој вчера изјави дека САД треба да бидат финансиски компензирани за нивната улога во заштитата на слободната пловидба и безбедноста на меѓународната трговија во Персиски Залив, особено ако Иран наметне свои такси за премин низ Ормуска Теснина.

Трамп, одговарајќи на новинарско прашање зошто се откажа од предлогот за воведување такса за бродовите што поминуваат низ Ормуска Теснина, истакна дека го контактирале „силни партнери“ кои му порачале дека наместо да плаќаат такси би претпочитале да инвестираат во САД.

Би сакала да вложиме милијарди и милијарди долари во САД. Би сакале силно да вложиме во САД наместо да плаќаме такси, Трамп ги цитираше претставниците на „различни земји“ кои го контактирале.

Тој додаде дека му се допаднал предлогот и наведе дека „никој не треба да наплаќа за поминување низ Ормуска Теснина“.

Поврзани вести