Skip to main content

Нафтата повторно поскапе по блокадата на Ормутскиот теснец

Драстичен раст на нафтата по блокадата на иранските бродови во Ормускиот Теснец. Блокадата на американскиот претседател Доналд Трамп беше причина глобалниот репер, Брент, да надмине 85 долари за барел, или околу 10% во текот на оваа седмица. Во исто време, американската сурова нафта, WTI, се тргуваше помеѓу 79 и 80 долари за барел.

Новите рестриктивни мерки, кои Трамп ги најави во понеделникот, требаше да стапат на сила истиот ден во 16 часот по источноамериканско време. Првично, првиот човек на САД предложи воведување на 20-процентен надомест за секој товар што минува низ овој поморски премин, со образложение дека земјите што имаат директна корист од безбедноста на патот мора да ги надоместат американските трошоци. Сепак, Трамп подоцна соопшти дека се откажува од оваа такса и дека таа ќе биде заменета со трговски и инвестициски договори меѓу САД и земјите од Персискиот Залив.

Американскиот претседател ја образложи ваквата одлука на сопствениот профил на социјалните мрежи.

„По многу продуктивни разговори со лидерите од Блискиот Исток, одлучив 20-процентната такса да ја заменам со трговски и инвестициски договори“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран дополнително ескалираат со овие чекори, додека САД прават напори да го неутрализираат иранското влијание врз поморскиот сообраќај во регионот.

На ваквите најави за воведување задолжителни такси за пловидба веднаш реагираа меѓународните институции кои ги оспоруваат овие мерки.

„Во меѓувреме, Меѓународната поморска организација при Обединетите нации се спротивстави на задолжителните такси за пловидба низ Ормускиот Теснец, оценувајќи дека таквите мерки се незаконски.“

Поврзани вести