Skip to main content

Читачка средба: „Погубни идентитети“ од Амин Малуф денеска во КСП Центар Јадро

Читачка средба денеска во 15 часот во КСП Центар Јадро. Книгата „Погубни идентитети“ од Амин Малуф е еден од највлијателните современи есеи за идентитетот, припадноста и толеранцијата. Тргнувајќи од сопственото животно искуство, Малуф покажува како сведувањето на човековиот идентитет на една единствена припадност може да стане извор на поделби, нетолеранција и насилство. Наместо едноставни одговори, книгата нуди поттик за критичко размислување за можностите за соживот во сè покомплексен свет.

Амин Малуф е либанско-француски писател и есеист, член на Француската академија, чии дела се посветени на идентитетот, историјата и дијалогот меѓу културите.

Поврзани вести