
Вардар денеска ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, со задача да ја надомести негативата од 2:0 од првиот натпревар.
Дуелот во Финска е закажан со почеток од 17 часот, а љубителите на фудбалот во Македонија ќе можат да го следат во директен пренос на телевизијата „Арена Спорт М1“.
Тренерот Кристијан Фабијани ги има посакуваните играчи на располагање за втората средба. Сега има појасна слика за КуПС, кој во Скопје постигна два гола од две дефанзивни грешки на црвено-црните.
Важно ми е на овој натпревар да го смениме менталитетот. На првиот дуел до голот игравме добро, но примивме гол во најлош можен момент пред крајот на полувремето. Предноста на противникот е што се во натпреварувачки ритам. Сакам да видам еден организиран Вардар кој ќе се бори на теренот за секоја топка, изјави тренерот на Вардар Кристијан Фабијани

Македонски



