
Францускиот селектор Дидие Дешан изјави пред денешното полуфинале на Светското првенство против Шпанија дека најдобриот стрелец на неговиот тим, Килијан Мбапе, е „100 проценти подготвен“ за натпреварот.
Мбапе во четвртфиналето против Мароко пред пет дена го напушти теренот во 76. минута поради повреда на десниот глужд, а подоцна на клупата за резерви беше виден како става облога со мраз на повреденото место.
„Килијан се чувствува добро, тој е 100 проценти подготвен, не можеме да одиме подалеку од тоа“, рече Дешан на официјалната прес-конференција во Далас.
Со осум голови, Мбапе заедно со Аргентинецот Лионел Меси е на чело на листата најдобри стрелци на ова Светско првенство, а има и три асистенции.
Полуфиналниот дуел меѓу Франција и Шпанија е закажан за вечерва во Далас со почеток во 21 часот по македонско време

Македонски



