Skip to main content

Син го убил таткото со нож на Бит Пазар, откако тој пијан ја нападнал сопругата

Син го убил татко си со нож на Бит Пазар откако тој пијан ја нападнал сопругата, односно мајката на 31-годишникот. Синот е уапсен, а жената е пренесена на лекување во болница.

На 12.07.2026 околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Џ.(31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје. Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел убодни рани на својот татко, информираа од МВР.

По преземени мерки, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., а 54-годишната жена е пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на Е.Л. е предадено за обдукција и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести