Skip to main content

Пијана кавадарчанка си ја истепала мајка си, други осум пријави за семејно насилство

Шест лица лишени од слобода, вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

На 12.07.2026 во 02:45 часот во село во кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишија од слобода М.К.(37) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 57-годишна мајка и ѝ се заканувала. По преземени мерки било констатирано дека М.К. била под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,02 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.07.2026 во 09:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ќ.Б. (71) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 11.07.2026 во 17:35 часот во Полициско одделение Ранковце било пријавено дека Д.Т. од село во општина Ранковце физички ја нападнал неговата мајка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.07.2026 во 21:27 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е Ф.А.(58) од Дебар кој претходно, во семејниот дом бил агресивен кон неговата мајка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.07.2026 во 01:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.С.(30) од Штип по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 24-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2026 во 00:05 часот во Пехчево, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода И.К.(50) од Пехчево по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 46-годишна сопруга и и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.07.2026 во 14:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Г.(42) од Скопје, по претходна пријава дека упатувал закани кон неговиот 63-годишен чичко и неговото семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.07.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје 40-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на општина Аеродром неговата сопруга Н.Ѓ.(42) фрлила кон него остар предмет и му нанела расекотина во пределот на раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.07.2026 околу 10:30 часот во СВР Скопје 33-годишна жена пријави дека ул.„Јадранска Магистрала“ додека се движеле со возило била физички нападната од нејзиниот партнер А.Р. од Косово. Исто така и А.Р. пријави дека бил физички нападнат од неговата партнерка Н.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести