Skip to main content
-DVcbIK0ayQ

Во Амстердам отворена градина со 200.000 лалиња, официјален почеток на сезоната на овие цвеќиња во Холандија

Националниот ден на лалињата го означи официјалниот почеток на сезоната на овие цвеќиња во Холандија.
По повод овој празник во Амстердам е отворена голема градина со околу 200.000 лалиња кои посетителите можат да ги наберат, пренесуваат холандските медиуми.

Овој настан оваа година има посебно значење бидејќи се совпаѓа со 750-годишнината од основањето на Амстердам.

Мотото на овогодинешната сезона на лалиња е „Прославете го вашиот важен датум“, а целта е да се поттикнат луѓето да купат букети од овие цвеќиња за да одбележат лична прослава.
Годинава ќе биде претставен нов тип на лале кое го носи името на холандскиот пејач Иво Беренсе.

Поврзани вести