Skip to main content

Девет претстави селектирани за Фестивалот „Ристо Шишков“

Селекторот на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, режисерот Љупчо Ѓоргиевки ја објави селекцијата за овогодинешното фестивалско издание.

Фестивалското жири ќе биде во состав: Билјана Драгичевиќ – Пројковска – актерка, Иван Додовски – професор и Билјана Ѓуровиќ – професор од Србија. Пројковска е во жирито како минатогодинешен лауерат а во програмата која ќе ја оценува се наоѓаат две претстави во режија на нејзиниот сопруг режисерот Дејан Пројковски.

НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА

1.„БОГ НА КОЛЕЖОТ“ од Јасмина Реза, адаптација и режија Весна Петрушевска – МНТ – Скопје. (копродукција)

  1. „ЧУДЕСНА ТЕРАПИЈА“ од Даниел Глатауер, режија Димче Николовски – Драмски театар– Скопје.

3.„ЦРНИЛА“ од Коле Чашуле, режија Дејан Пројковски – НУЦК Војдан Чернодрински – Прилеп.

  1. „ЕДМОНД“ од Дејвид Мамет, режија Оливер Мицевски – Народен Театар Битола.
  2. „АННА“ од Драгана Лукан Николоски, режија Нина Николиќ – Театар Комедија – Скопје. (копродукција)
  3. „ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА“ од Ристо Крле, режија Андреј Цветановски – НУЦК Григор Прличев – Охрид.
  4. „Љубовни писма“ (Love Letters) автор Алберт Рамсдел Гарни

Игор Ангелов и Верица Недеска

МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА

8.„УННА“ од Стеван Копривица (според романот на Момо Капор) режија Дејан Пројковски – Звездара Театар – Белград. Република Србија

  1. ДРАМСКИ КУКЛЕН ТЕАТАР – СИЛИСТРА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

,,ПОВИК ЗА ЉУБОВ,, од Жозаин Баласко реж. Анастас Попдимитров

Во придружната програма е изложба на фотографии од Ристо Шишков во соработка со Театар Комедија – Скопје како и четири живи фигури – акти поставени низ градот и фоајето.