
По повторното разгорување на конфликтот на Блиски Исток преговорите за Меморандумот за разбирање помеѓу САД И Иран ќе продолжат утре во Пакистан.
Пакистанската телевизија „Ал Хадат“ објави дека делегации на технички експерти од Иран и од САД ќе ги продолжат преговорите на 12 јули во Исламабад.
Премиерот на Пакистан Шехбаз Шариф во синоќешниот телефонски разговораше со емирот на Катар, шеик Тамин бин Хамад ал Тани за ситуацијата во регионот и за американско-иранските преговори.
Ал Тани и Шериф ја истакнаа неопходноста од дипломатијата за намалување на тензиите во регионот и за заштита на морската безбедност.
Двајцата лидери се договорија да ги координираат своите активности во однос на регионалната безбедност, зачувувањето на морските патишта и обезбедувањето траен мир во регионот.

Македонски



