Skip to main content

Градежни активности во штипската населба Бело Брдо

Почна реконструкцијата и асфалтирањето на улиците во населбата Бело Брдо, каде претходно беше извршена промена на подземната водоводна инфраструктура, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.

Тој истакна  дека во моментов се работи на улиците „Питу Гули“ и „Христијан Карпош“, каде се уредуваат и тротоарските површини, а во наредните денови се очекува завршување на асфалтирањето. 

Сакам да известам дека активностите кои се превземаат на територија на општина Штип се во неколку населени места во неколку населби од нашиот град. Моментално се наоѓаме на улица „Питу Гули“, овде се работи на завршниот крак на улицата. Во изминатите денови беа превеземени активности за промена на подземната инфраструктура, на водоводната линија, а веќе се работи и на земјиниот дел на поставување на павер елементи и во текот на наредните денови конечно асфалтирање и затварање на оваа активност, која ја преведовме како локална самоуправа. Вкупната површина е 1.000 метри квадратни асфалтна маса и 600 метри квадратни тротоарска површина, нови површини кои се уредуваат- вели Јорданов.

Во рамките на  реконструкцијата ќе бидат опфатени и улиците „АСНОМ“, „Рудо“, „Коле Неделковски“ и „Еврејска“, со што ќе се заокружи целосното уредување на  улиците во населбата Бело Брдо. Јорданов апелираше до граѓаните за разбирање поради изменетиот сообраќаен режим, нагласувајќи дека работите се реализираат во период со намалена фреквенција на сообраќај. 

Ќе морам да напоменам дека оваа населено место откако се изградени инфраструктурата и куќите во минатото никогаш темелно не била реконструирана со промена на подземна инфраструктура со третирање на тротоарски површини и асфалтирање. Паралелно на овие активности се работи и неколку други позиции. Сакам да апелирам до граѓаните дека одредени сообраќајници, делници се со изменет сообраќаен режим, со отежнато функционирање. Наменски се избрани овие месеци од годината, затоа што имаме помала фреквенција на движење, заради отсуството на студентите и годишните одмори- рече Јорданов

Поврзани вести