Skip to main content

Уапсени дилери

МВР

Во текот на вчерашниот ден лишени од слобода се девет лица во Скопје, Македонска Каменица и виничко, откако кај нив при преглед е пронајдена дрога, соопшти денеска МВР.

Ноќва на различни локации во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ги лишија до слобода А.И.(22), Д.С.(24) и Д.И.(26), сите од Скопје, П.С.(20) и Л.Д.(19), двајцата од с.Волково, скопско и М.Б.(30) од Норвешка, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.

Во 22:00 часот на место викано „Препиш“ кај брана „Калиманци“ полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишија од слобода А.И.(23) од с.Саса, општина Македонска Каменица, поради тоа што при обид за негово легитимирање, тој се обидел да избега, фрлајќи бела прашкаста материја.

Во 23:55 часот на влез во с.Истибања, виничко, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица ги лишија од слобода Ј.Ј.(25) и А.Л.(41), двајцата од Кочани. При преглед на патничко возило „субару“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј., а во кое бил и А.Л., во возилото била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поврзани вести