Skip to main content

ЕВН Македонија го одбележа Денот на Никола Тесла

ЕВН Македонија

По повод Денот на Никола Тесла, ЕВН Македонија организираше едукативна посета на изложбата „20 години ЕВН Македонија – 20 години полни со енергија“ за група деца во Чифте амам.

фото: ЕВН Македонија

Како што соопштуваат од компанијата, најмладите имаа можност да откријат интересни факти за електричната енергија, да дознаат кој бил Никола Тесла и данаучат повеќе за електричната енергија, нејзиниот пат од производство до домовите и колку е важна во секојдневниот живот, разгледувајќи фотографии и приказни за развојот на ЕВН Македонија во изминатите 20 години.

фото: ЕВН Македонија

Во рамки на посетата беше организирана и креативна работилница, на која создаваа дела инспирирани од природата и преку игра и креативно изразување ја откриваа важноста на грижата за светот околу нас.

фото: ЕВН Македонија

Изложбата „20 години ЕВН Македонија – 20 години полни со енергија“, која е дел од одбележувањето на 20 годишниот јубилеј, има документаристички карактер и претставува ретроспектива на најзначајните проекти и достигнувања на компанијата во изминатите две децении.

фото: ЕВН Македонија

Посетителите преку фотографии, архивски материјали и факти можат да го проследат развојот на компанијата, инвестициите во електродистрибутивната мрежа, дигитализацијата на процесите, развојот на обновливите извори на енергија и придонесот кон модернизацијата на македонскиот енергетски сектор.

фото: ЕВН Македонија

ЕВН Македонија и преку овие активности го продолжува својот придонес кон подигнување на свеста за значењето на електроенергетиката, науката и техничките науки кај младите генерации, поттикнувајќи интерес за знаењето, иновациите и одржливиот развој, велат од компанијата.

фото: ЕВН Македонија
фото: ЕВН Македонија

Поврзани вести