Skip to main content

Бугарија во источна Србија отвори канцеларии за вадење бугарски пасоши

Стратегијата  за вадење на бугарски пасоши во соседните држави која веќе успешно функционира во Македонија, властите во Софија ја присликуваат и во Србија. Во источниот дел во Србија, во градовите Пирот, Димитровград и Босилеград се отворени канцеларии во кои на жителите им се објаснува процедурата по која може да дојдат до бугарска патна исправа.

Како што пишуваат тамошните локални медиуми интересот е голем бидејќи во тие краишта живее бугарско малцинство а меѓу жителите од двете страни од границата има семејни и бизнис релации. Според последниот попис во цела Србија има нешто над 12.000 Бугари.

Една од агенциите кои посредува при вадење на бугарски пасош е „balkanmigration“, каде на заинтерирани детално им се објаснува за потребните документи и процедурата.

Односите меѓу Белград и Софија во последно време се нарушени откако Бугарија е една од земјите што го блокираше почетокот на преговорите на Србија.

Поврзани вести