Skip to main content

Трагедија во Гостивар: Почина 14-годишно девојче по пад од лулашка

Четиринаесетгодишно девојче починало по пад од лулашка во паркот во Гостивар.

Како што соопшти СВР Тетово, вчеравечер кај нив од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар.

Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт.

Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Поврзани вести