Skip to main content

Во Охрид отворен Хуманитарен книжевен базар за поддршка на издавачката куќа „Антолог“

Во Култ Културен центар во Охрид вчера беше отворен Хуманитарен книжевен базар за поддршка на издавачката куќа „Антолог“, чии изданија беа оштетени во неодамнешните поплави.

Базарот е замислен како едноставна, но солидарна акција: граѓаните донираат книги од своите домашни библиотеки, а потоа тие се продаваат по симболична цена од 200 денари. Целиот собран приход ќе биде дониран директно за помош на „Антолог“.

Отворањето привлече бројни читатели, љубители на книгата и граѓани кои сакаа истовремено да помогнат и да си вдомат ново книжевно издание.

Книгите ќе бидат изложени во Култ Културен центар до сабота, а дотогаш секој заинтересиран може да го посети базарот, да избере книга и да учествува со донација од 200 денари.

Организатори на хуманитарниот книжевен базар се здружението „Креативна верига“ од Охрид и Култ Културен центар од Охрид.

Поврзани вести