Skip to main content

Клуни ќе добие Златен лав за животно дело во Венеција

 Џорџ Клуни ќе го добие Златниот лав за животно дело на годинешниот Венециски филмски фестивал, кој се одржува од 2 до 12 септември.

„Овој фестивал е без сомнение мојот омилен и добивањето на Златниот лав е огромна чест. Веројатно значи дека сум стар, но ќе го прифатам“, рече 65-годишниот американски актер, режисер и продуцент.


Алберто Барбера, уметнички директор на најстариот филмски фестивал во светот, го опиша двократниот добитник на Оскар како комплетен и харизматичен уметник.

„Неговите ликови изгледаат не само веродостојни, туку и пожелни, достапни и човечки, благодарение на неоспорниот шарм“, рече Барбера.

Тој додаде дека харизмата на Клуни „е изградена врз неговиот кредибилитет, а не врз неговиот имиџ, бидејќи неговата заводлива страна никогаш не била само естетска“.

„Совршена комбинација од ѕвезден гламур од минатото, извонреден професионализам и модерна чувствителност“, ги наведе Барбера како карактеристики на разноврсноста на актерот.

Поврзани вести