Skip to main content

Нов пораз на македонските млади ракометари на Европското првенство

РФМ

Младинската македонска ракометна репрезентација го загуби и дуелот од 2.коло од групата на Европското првенство. Македонија е поразена од Хрватска со 34:29, а на полувреме беше 19:14. Противникот ја потврди фаворитската улога на натпреварот.

По почетното водство од 1:0, нерешено беше до 6:6 кога противниците поведоа со 9:6, а до крајот на првиот дел постепено ја зголемуваа предноста – 19:14. Во вториот хрватските ракометари во финишот стигнаа и до двоцифрена предност (31:21), а македонскиот национален тим до крај само ја намали предноста.

Најефикасен на дуелот беше Петар Шпрем од Хрватска со 8 голови, а Марко Каевски за Македонија постигна 7.

По утрешниот слободен ден македонските млади ракометари во сабота (11.јули) играат против првиот фаворит во групата селекцијата на Данска.

Поврзани вести