Skip to main content

Едноставен рецепт за вкусно грчко ѕаѕики

Freepik

Вистинското грчко ѕаѕики е освежителен ладен сос што се приготвува брзо и лесно од неколку едноставни состојки. Одличен е како прилог со месо на скара, печен зеленчук или тазе леб.

Состојки:
1 голема краставица
400 г грчки јогурт
2-3 чешниња лук
2-3 лажици маслиново масло
1 лажица оцет (по желба)
свежа мирудија, ситно сечкана
сол
бибер

Приготвување:
Изрендајте ја краставицата на крупното ренде, посолете ја и оставете ја во цедалка околу 30 минути. Потоа, добро исцедете ја со раце за да го отстраните вишокот течност.

Во поголема чинија измешајте грчки јогурт, ситно сечкана мирудија, изгмечен лук, маслиново масло и оцет, по желба.

Додајте ја исцедената краставица во смесата со јогурт. Посолете и забиберете по вкус, добро промешајте и оставете го сосот во фрижидер најмалку 30 минути пред послужувањето, за да се соединат вкусовите.

Совет
Ѕаѕики е највкусен добро разладен, а можете да го прелиете со уште малку маслиново масло и да го украсите со гранче свежа мирудија пред послужувањето. Добар апетит!