Skip to main content

Довербата може да ја зголемиме кога ќе го почитуваме меѓународното право: Дали Кос мислеше на 14-те пресуди против Бугарија во Стразбур?

Комесарката за проширување Марта Кос за време на вчерашната посета на Скопје одговараше на прашање како да ја зголемиме доверата со соседите. Таа објасни дека нема рецепт на тоа но даде неколку предлози меѓу кои еден посебно се издвојува-а тоа е почитувањето на меѓународното на меѓународното право. Дали комесарката мислеше на пресудите на Судот за човекови права против Бугарија кои властите во Софија упорно одбиваат да ги спроведат.

 Довербата може да ја зголемиме кога ќе го почитуваме меѓународното право и ќе ги решаваме споровите по мирен пат, објасни вчера комесарката.

14 осудителни пресуди во Стразбур чекаат на извршување од страна на Бугарија и се однесуваат на правата на Македонците да се здружат во организација како ОМО Илинден која треба да биде регистрирана. Доколку бидат признаени тие ќе можат да се регистрираат па дури и да формираат партија. Сега тоа е невозможно.

И премиерот Мицкоски во неколку наврати истакна дека доколку ЕУ бара од нас да ги внесеме Бугарите во Уставот треба и на Македонците кај источниот сосед да им бидат признати барем основните човекови права на здружување.

Поврзани вести