
Работевме посветено неколку месеци на Изборниот законик сите пратенички групи и усогласивме текст.Тој текст беше потпишан од сите партии освен од Левица која се изјасни дека се согласува со содржината на текстот но не сакаа да се потпишат на предлогот, објасни денеска премиерот Мицкоски.
Ова што се случува деновиве е политичка гимнастика.Суштината и вистината е оваа: Тогаш се појави втората партија СДСМ која рече ако тие така се однесуваат и ние така ќе се однесуваме и си најдоа причина зошто да биде така.И едмните и другите се обидуваат од ова да направат естрада.
Тој потсети дека на вчерашната координација во Собранието, ставот бил јасен – опозицијата да усогласи и да достави текст, кој потоа ќе биде прифатен.
– Нашиот став беше јасен – договорете се вие во опозицијата, направете текст и тоа што ќе се договорите ние ќе го прифатиме. Тоа е нашата позиција. И денеска од оваа прес-конференција ја испраќам истата порака – договорете се, дајте ни текст и ние ќе го прифатиме, нормално, со вклучени препораки на ОБСЕ/ОДИХР и гласање на дијапсората. Еве, како тие ќе кажат, така ние ќе прифатиме. Само нека се усогласат. До денеска немаме усогласен текст, времето си поминува, ќе дојде средина на јули, би било штета да ги изгубиме тие средства, нешто повеќе од четири милиони евра. Зошто да ги изгубиме и да не бидеме стопроцентно комплетни за сите реформи што требаше да ги испорачаме до крајот на јуни. Еве, сега велиме, имаме мала екстензија до средината на јули, подвлече Мицкоски.

Македонски



