
Комесарката за проширување Марта Кос на денешната средба со премиерот Мицкоски истакна дека Изборниот законик ќе биде усвоен и оти тоа на земјата ќе и донесе дополнителни четири милиони евра. Таа истакна оти Македонија знае како да испорача резултатии и напредува во реформите според планот на раст.

Планот на раст е нов начин со кој ЕУ се ангажира со земјите кандидати.Ова не е милосрдие. Ние можеме да даваме заеми и грантови.Овој изборен законик е над 4 милиони евра. За мене ова се многу пари. Тоа не е само да се штиклира туку да се направи нешто добро за луѓето и земјата. Охрабрени сме и среќни во Брисел што Македонија што нашрави скок на првите позиции кога станува збор за исполнувањето на реформите. Ова покажува дека таму каде што има политичка волја владата може да испорача.750 милиони се за земјата и ќе ги добие отако ќе ги испорача рееформите и тие пари може да ги искористи за граѓаните.

Македонски



