Skip to main content

Премиера на „Сладолед за жени“ на Штипско културно лето

Театар Штип, во соработка со Артонаут – Штип и Штипско културно лето, на 9 јули 2026 година со почеток во 20:00 часот ќе ја одржи премиерата на претставата „Сладолед за жени“, по мотиви на Мишел Лов, во режија на Никола Ристов.

Претставата низ хумор, остри дијалози и апсурдни ситуации ги обработува темите на вината, лагите и моралот, прикажувајќи колку човечките слабости можат да бидат и трагични и комични.

Во претставата настапуваат Анѓелка Нашкова, Елена Шорова Дербов и Марија Минчева Андонов.
Премиерата е дел од програмата на Штипско културно лето 2026, а влезот е слободен.

Поврзани вести