Skip to main content

Нова можност за пациентите со камења во бубрезите: Современа ендоскопска технологија на Kлиниката за урологија

Клиника за урологија

Од ЈЗУ Универзитетска клиникза за урологија – Скопје информираа дека на покана на директорот, науч. сор. д-р Башким Шабани, Универзитетската клиника за урологија ја посетиле претставници на компанијата Vathin – еден од водечките производители на современа уролошка ендоскопска опрема.

Во рамки на посетата биле презентирани и демонстрирани најновите флексибилни уретероскопи од нова генерација – технологија која овозможува третман и на сложени камења во бубрезите и уретерот без хируршки рез.

Од таму, како предности за пациентите кои се значајни ги посочија:

минимално инвазивен пристап;
помала болка;
побрзо закрепнување;
пократок престој во болница;
побрзо враќање во секојдневните активности.

За пациентите со големи или комплексни камења, кои понекогаш бараат повторувачки интервенции, од Клиниката велат дека оваа технологија претставува можност за современ и поефикасен третман.

„Универзитетската клиника за урологија изрази интерес за воведување на оваа опрема, со цел пациентите во Македонија да имаат пристап до современи методи на лекување според највисоките светски стандарди. Современата урологија е насочена кон помалку инвазивни процедури, побрзо закрепнување и подобар квалитет на живот за пациентите“, нагласија од Клиниката за урологија.

Поврзани вести