
Во Анкара, Република Турција, во рамки на НАТО Самитот, денеска учествував на Форумот за одбранбена индустрија, на кој присуствуваа и претставници од сојузничките и партнерските земји, како и претставници од одбранбената индустрија.
Во фокусот на Форумот беа иновациите, развојот на одбранбената индустрија и унапредувањето на соработката за заеднички набавки, со цел зајакнување на колективната безбедност.
За време на НАТО Одбранбениот Индустриски Форум се одржа и церемонија на која потпишавме заедничко писмо за намери за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационална соработка во рамки на иницијативата НАТО обука за летање во Европа (NFTE – NATO Flight Training Europe).
Овие иницијативи и дискусии ја потврдуваат силната сојузничка посветеност на понатамошно продлабочување на соработката, развој на заедничките способности и справување со современите безбедносни предизвици.

Македонски



