Skip to main content

20-годишник се бори за живот откако со другар му излетале од пат со четирицикл

архива

Вчеравечер во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово пријавиле дека за укажување лекарска помош биле донесени две лица повредени во сообраќајна незгода.

Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово извршиле проверки и утврдиле дека на патот кај село Лисец, четирицикл управуван од Ф.М. (20) од село Пирок, на кој сопатник бил неговиот соселанец А.Х. (19), излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.М., кој поради сериозноста на повредите е префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Сопатникот А.Х. се здобил со телесни повреди, соопштија од тетовската полиција.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Поврзани вести