Skip to main content

Руте и Фон дер Лајен не сакаат Европа да зависи од САД за одбраната

– Времето кога Европа можеше да ја препушти својата одбрана и безбедност на Америка е завршено, оценија генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во заеднички авторски текст за весникот „Економист“.

Тие признаа дека Европа во рамките на Северноатлантскиот сојуз долго време била премногу потпрена на воените капацитети на Вашингтон, но нагласија дека суровата реалност и опасностите на денешниот свет ставиле крај на таквиот начин на размислување. Сојузниците сега мора забрзано да ја задвижат сопствената одбранбена индустрија за да бидат подготвени за потенцијална војна.

Во текстот се наведува дека моменталните европски производствени капацитети не можат да ја следат побарувачката на пазарот. Воената поддршка што Западот ѝ ја испраќа на Украина, како и развојот на конфликтот на Блискиот Исток, извршија огромен дополнителен притисок врз воените резерви на земјите членки, пред сè во сегментот на ПВО-пресретнувачи и системи за борба против дронови.

Како клучна причина за итното вооружување, Руте и Фон дер Лајен го издвојуваат зајакнувањето на одбранбените капацитети на Русија, Кина, Иран и Северна Кореја.

Тие нагласуваат дека Москва инвестира повеќе од 40 отсто од државниот буџет во одбраната и деноноќно произведува воена опрема, поради што западната воена индустрија мора да реагира побрзо и помасовно од досега. 

Поврзани вести