Skip to main content

Горазд Ристовски потпиша договор со Црвена ѕвезда

– Македонскиот младински фудбалски репрезентативец Горазд Ристовски потпиша професионален договор со Црвена ѕвезда, обврзувајќи се на тригодишна верност со актуелниот српски шампион.

Деветнаесетгодишниот дефанзивец ѝ се приклучи на Црвена ѕвезда во 2022 година, а изминатата сезона беше стандарден во младинскиот тим на белградскиот гигант

Официјалната промоција на Ристовски во „црвено – белиот“ табор е најавена за почетокот на идната недела.

Српските медиуми наведуваат дека талентираниот лев бек во новата сезона ќе настапува како позајмен фудбалер во Графичар, каде Црвена ѕвезда редовно ги испраќа најталентираните фудбалери од својот младински погон.

Ристовски беше стандарден во македонските репрезентации до 17 и 19 години, а во српскиот гигант се пресели од редовите на скопски Работнички.