Skip to main content

Муцунски со честитка до САД: Продолжува нашето пријателство и партнерство

Фото: Тимчо Муцунски/фејсбук

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска упати честитки до Соединетите Американски Држави и до американскиот народ по повод 250-годишнината од независноста.

-Искрени честитки до Соединетите Американски Држави и до американскиот народ по повод 250-годишнината од независноста. Нашето пријателство, стратешко партнерство и сојузништво продолжуваат да се зацврстуваат врз основа на споделени вредности и меѓусебна доверба – истакна Муцунски во честитката објавена на Фејсбук.

Муцунски потенцира дека како сојузници во НАТО, остануваме посветени на продлабочување на соработката во одбраната, безбедноста, енергетиката, трговијата и инвестициите.

-Уверен сум дека ова партнерство ќе продолжи да се развива и во годините пред нас – додаде шефот на дипломатијата.

Поврзани вести