Skip to main content

При претрес на стан во Скопје пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, ЛСД и други видови дрога

При претрес на стан во Скопје пронајдени се над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, поголема количина ЛСД и други видови дрога, за што е поднесена кривична пријава против две лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, на 02/03 јули годинава извршен е претрес во стан кој го користат М.Б и Н.Ј, кои претходно беа лишени од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

-При претресот извршен по добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, ЛСД, масло-хашиш смола, халуциногени печурки – информираат од МВР.

Лицата се задржани за понатамошна постапка, а од страна на ЕНТ до надлежното ОЈО е поднесена кривична пријава во итна постапка.

Поврзани вести