
Германската фудбалска федерација (ДФБ) потврди попладнево дека Јулијан Нагелсман поднесе оставка од функцијата селектор на репрезентацијата.
Нагелсман ја напушти клупата четири дена по елиминацијата на Германија од Светското првенство, откако во шеснаесетфиналето загуби на пенали од Парагвај.
Германските медиуми претходно објавија дека Нагелсман вчера водел разговори со раководството на ДФБ што резултирале со неговата одлука да поднесе оставка.
„Одлуката беше сè друго освен лесна. Мојот главен приоритет отсекогаш беше успехот на тимот. По ова горчливо разочарување, тимот заслужува шанса за нов почеток“, рече Нагелсман.
Германската федерација, исто така, ги потврди медиумските извештаи дека поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, е кандидат за нов селектор.
„Кога станува збор за назначување на нов тренер, раководството на ДФБ сега ќе побара разговор со Јирген Клоп. Тој веќе сигнализираше дека е подготвен да ја преземе функцијата“, се вели во соопштението.
Германската фудбалска репрезентација ќе го игра својот следен натпревар на 24 септември во Лигата на нации против Холандија.

Македонски



