Skip to main content

Сончев и ветровит викенд, од понеделник можен пороен дожд и грмежи

 За време на викендот времето ќе биде стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Повремено ќе има силен ветер со брзина од 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Од понеделник следува период на претежно сончево време, но во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. 

Поврзани вести